ВМРО-ДПМНЕ: Единствен начин да се справиме со пандемијата во Прилеп и Куманово е да се прогласи кризна состојба

 Единствен начин да се справиме со пандемијата во Прилеп и Куманово е да се прогласи кризна состојба во тие два града, велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Шекеринска.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат и велат дека Шекеринска наместо како по модна писта да се шета наоколу, треба да ги праша стручните лица во МО, кои ќе и кажат како е тоа можно.

„Дали Шекеринска знае колку припадници на Армијата се доведени во опасност од контактите со лица заразени соо коронавирус во жариштата како Куманово и Прилеп. 

Не смее да се дозволи ескалација на состојбата. Ограничениот здравствен капацитет на Македонија нема да може да го издржи тоа. 

Со цел спречување на преголеми последици очекуваме СДСМ да се надмине себе си и својата суета и барем еднаш да донесе одлука во корист на граѓаните“ стои во реакцијата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2020 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега