Мицкоски: СДСМ создава виртуелна реалност и реални проблеми, да заминат и да ги решиме проблемите

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски го помина периодот на домашна изолација која дојде како последица на потенцијална опасност заради контактите со лица кај кои е констатирана инфекција со корона вирус но, и во изолација животот тече а со него и проблемите кои во политиката, во ова кризно време, се поизразени отколку било кога порано: здравствениот систем покажува мала ефикасност, се закануваат масовни губења на работни места а платите се веќе намалени кај повеќето компании. Тоа е причина за интервју и барање одговор на овие горливи теми со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пишува Вечер.

На прашање што е најтешко кога човек мора да пристапи во таква изолација, тој вели декатоа е одвојување од семејството.

-Ќе ви одговорам лично, ми падна најтешко тоа што следниот ден откако влегов во процесот на самоизолација еден од моите синови славеше роденден, а јас не можев да бидам со него и со семејството заедно. Но истовремено сметам дека важно беше да се почитуваат и препораките на здравствените работници и светската здравствена организација, затоа што вирусот е сериозна работа и не треба да се потцени, затоа е потребно одговорно однесување. Не може претходно постојано да повикувам луѓето да седат дома, а кога јас дојдов во таква ситуација да морам да одам во изолација, истата да ја прекршам, тогаш не би бил искрен, а јас таков пристап кон работите никогаш сум немал- вели Мицкоски.

Мицкоски зборуваше и за неговиот став за тоа како Владата се справува со целата ситуација.

-Би рекол многу килаво, неуверливо, без поседување на сериозен концепт кој на граѓаните ќе им даде чуство на сигурност дека може бидат спокојни. Во целокупниот период неодлучноста на владата ги чини граѓаните две работи, првата е здравјето, втората е стандардот.

 

На самиот почеток Владата ја потцени кризата и влезе неподготвена како да не знаеа дека епидемијата е пред врата, дека дошла во Италија или Авастрија и таму ќе остане. Потоа, со загубено време и чекор, сега ги лечи последиците. Се чини дека никако не може да фати чекор со состојбите, да ја контролира ситуацијата, и да го заузда неконтролираното празнење на буџетот и дупката која станува се поголема. Се плашам дека влегуваме во грчко должничко сценарио, а владата очигледно не е ни свесна што се случува ниту пак има потенцијал да најде и примени решенија да не паднеме во економски колапс. Има целосно погрешен пристап, наместо да се стимулира економијата и потрошувачката, Владата го притиска стопанството и се губат приходите на вработените. Погледнете и сами, се трошат пари од буџетот за нешто што не создава нови пари, а тоа во економијата е најлошо. Делува дефанзивно, наместо да биде офанзивна. Владата нема своја анализа за сопствената состојба во државата и нема свои решенија туку задоцнето копира туѓи и превзема мерки и политики без да ги има предвид локалните специфики- рече Мицкоски.

Целото интервју може да го прочитате ТУКА.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.04.2020 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега