СДСМ: Лажните вести и дезинформации од ВМРО-ДПМНЕ не запираат ниту во најголема здравствена криза

Дури и кога државата, како и целиот свет се справуваат со најголемата здравствена криза, ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од ширење лажни вести и дезинформации како единствен начин на делување, велат од СДСМ.

Според партијата, во време кога сите очи се впререни во здравствените институции, Христијан Мицкоски се дрзнал на национален медиум да излаже дека државата имала само 100 теста за коронавирус.

- Од таа негова лага па до денес направени се речиси 5.000 тестови за присуство на коронавирус. Слична таква лага пласира ВМРО-ДПМНЕ и деновиве кога дрско лаже дека 140.000 граѓани во периодов останале без работа, бројка која нема врска со реалноста. Наместо одговорно и совесно однесување, јавноста со денови гледа несериозно и деструктивно однесување од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, кои се очајни да се дограбат до политички поени врз грбот на граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

Според партијата, никаде во светот, ниту една опозиција не се однесува како што се однесува ВМРО-ДПМНЕ, како што се вели во соопштението, ниту еден политичар од независноста до денес, се нема однесувано толку деструктивно кон своите сограѓани, како што денес се однесува Мицкоски.

-Но за нивното поведение ќе оценуваат граѓаните, Владата, државата, институциите остануваат посветени во борбата против коронавирусот и надминувањето на здравствените и економски последици од него, се вели во дописот од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.04.2020 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега