СДСМ: Ослободување на компаниите погодени од кризата од плаќање на данок на личен доход, државата ги спасува работните места

Со цел полесно и ефикасно пребродување на економските последици кои ги донесе коронавирусот, Владата на Северна Македонија предводена од СДСМ постави приоритетни и јасни цели, а тоа е спас на секое работно место и на секоја компанија, велат преку соопштение од СДСМ.
 
Од партијата наведуваат дека во насока на полесно надминување на последиците од кризата, донесена е и Уредба со законска сила со која се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход и данок на добивка за месеците март, април и мај 2020 година. А истите се наменети за правните лица директно погодени од корона кризата.
 
„Веќе се одобрени и 254 кредити за мали, микро и средни компании од бескаматната кредитна линија на Развојната банка. А досега поднесени и во фаза на разгледување до Развојната банка се над 1.050 барања за бескаматни кредити.
 
Во тек е вториот пакет на економски мерки кој вклучува 14.500 денари месечно по вработен, помош за спортисти од 14.500 денари, помош за уметници и паричен надоместок за граѓаните што останале без работа поради кризата.
 
Ова се само мал дел од мерките кои имаат за цел помош на домашнитекомпании и спас на секое работно место.
 
Во подготовка е нов пакет на суштински мерки и политики кои ќе обезбедат дополнителна помош за домашната економија.
 
СДСМ во изминатите две и пол години создаде силна и стабилна економија подготвена да се справи и со сериозни економски предзвици како оваа глобална криза.
 
Со одговорно, домаќинско и правилно управување со јавните финансии, ќе ја надминеме оваа криза, со што помали последици врз стопанството и граѓаните“ велат во партиското соопштени од СДСМ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.04.2020 - 08:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега