ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шири лажни вести, ветијаа помош за сите, а помошта едвај ја искористија 100-тина компании

СДСМ шири лажни вести. Ветија помош за сите фирми, а сега наводната помош ја искористија само 100 тина компании, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција.

Од партијата реагираат и велат дека никој не аплицира за таканаречените антикризни мерки на СДСМ затоа што се крајно неповолни и не нудат реална помош.

„СДСМ шири лажни вести и кога вели дека лекарите имаат заштитна опрема, а тие се оставени голораки и сами ја купуваат заштитната опрема, затоа и бројот на заболени лекари и медицински сестри е скоро 17% од вкупниот број на заразени.

СДСМ од почетокот на кризата шири лажни вести. Првин велеа дека има пати во буџетот, па дека дупката е 600 милиони, па 1.2 милијарди, за на крај самиот Заев да излезе и да каже дека би се задолжил и 2 милијарди.

 

Кај СДСМ имаме само лаги и манипулации на штета на народот“ стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.04.2020 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега