Николов: Лекарите не се соодветно заштитени, затоа бројот на заразени е скоро 200

Борбата против корона вирусот немаше да биде возможна без лекарите и медицинскиот персонал. Тоа се луѓе кои деноноќно ги ставаат своите животи на ризик, за да спасат друг живот. Од почетокот на оваа криза, па до сега тие често поминуваат и по 24 часа во болниците. Не земаат одма 14 дена изолација, како некои, рече денеска на прес конференција Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

„Лекарите се тие кои се достојни на предизвикот и ова немило искушение. Сепак, затаи власта која треба да им обезбеди средства и услови за работа. Загрижува фактот што над 17 %, од вкупниот број на заразени во Република Македонија се лекари и медицински персонал. Имаме најголем процент на заразен медицински персонал во регионот. Заразени се затоа што не се соодветно опремени, не се целосно обучени, или немаат доволно информации. Неодостасува опрема спрема перепораките за различните нивоа на ризик. Недостасуваат информации и обука за соодветно користење на опремата. Многу често лекарите и медицинскиот персонал се оставени сами да се снабдуваат со заштитна опрема.

Срамно и недозволиво е да се очекува дека луѓето кои го изложуваат својот живот, животот на своите блиски на ризик, сами да треба да си купуваат опрема за работа.

Во услови на пандемија, заштитната опрема е задолжителна и таа треба да биде обезбедена од институцијата, да биде обезбедена од Министерството за Здравство. Денес нема и не смее да има друг поголем приоритет за Филипче, од здравјето на лекарите и медицинскиот персонал. Се друго треба да се остави на страна.

Дополнително, за вака голем процент на заразени медицински работници потребна е одгвороност. Министерот за здравство и неговите директори и раководители потребно е да објаснат зошто и како тоа се случува, да дадат одговор. Не смееме да дозволиме да ни се случи сценарио во кое здравствените работници ќе бидат загрозени. Потребно е директорите и раководителите и ДЗСИ да се покажат на ниво на задачата. Потребно е Лекарската комора да покаже дека постои.

Кажавме и ќе повториме повторно. Бараме итно да се обезбеди фонд од 10 милиони евра за централизирана набавка на опрема за лекарите, маски со стандард ФФП2/3, ракавици и скафандери, и се она што е неопходно да можат да се справат со ова што не снајде, заради тооа што постои ризик лекарите да бидат дополнително загрозени во оваа корона криза.

Лекарите не се биро за јавни набавки, тие не треба да се опремуваат сами после целодневна работа да трчаат по заштитна опрема.

Само заштитени и соодветно опремени медицински лица ќе можат ефикасно да се справат со коронакризата.

Надменоста и неприфаќањето на предлозите само ќе не донесе до нови проблеми и до нови заболени лекари, медицински сестри и болничари. Неконтролираниот раст на заболени здравствени работници ќе не доведе до ситуација да се намали капацитетот на здравствениот систем и неможност соодветно да се справиме со кризата.

Наместо празни теле-видео пресконференции, Филипче треба да преземе чекори, и веднаш да ги заштити колегите“ рече денеска на прес конференција Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.04.2020 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега