Лукаку: Еден месец пред првиот регистиран случај во Италија цел тим бевме болни, можеби имавме коронавирус

Ромелу Лукаку откри неверојатен податок за тимот на Интер, сомневајќи се дека можеби сите играчи имале коронавирус, но никогаш не биле тестирани.

Ова се случувало во јануари, еден месец пред да биде регистриран првиот случај на Ковид-19 во Италија.

„Имавме една недела слободна во декември, се вративме на тренинзи и се колнам дека можеби 23 фудбалери од вкупно 25 бевме болни. Не се шегувам. Игравме против Калјари (21 јануари) и еден од нашите дефанзивци мораше да го напушти теренот по 20 минути игра, не можеше да продолжи и за малку ќе се онесвестеше“, вели Белгиецот и мислеше на Милан Шкрињар, кој излезе од игра против Калјари во 17-тата минута.

„Сите кашлаа и имаа треска. Кога се загревав почувствував топлина, многу повеќе од вообичаено. Не сум имал треска со години. По натпреварот имав планирано вечера со луѓе од ‘Пума’, но морав да им се извинам и веднаш си легнав во кревет. Никогаш не бевме тестирани на Ковид-19 во тој момент, па затоа никогаш нема да знаеме дали го имавме вирусот“, додава голгетерот на Интер.

Лукаку и целиот тим на Интер всушност можат да дознаат дали го имале вирусот. Постои тест за антитела, па доколку е позитивен, тоа значи дека го прележале вирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.04.2020 - 19:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега