Николов: Од старт Владата не зазема сериозен пристап за справување со коронавирусот

Игор Николов, Член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во телевизија 24 зборуваше за стратегијата која ја презема Владата во врска со корона вирусот при што посочи дека од самиот старт владата не превзема сериозен пристап во врска со овој вирус.

-Резултатот на овие драконски мерки и нивното спроведување беа резултат како она што беше почетокот на првите случаи кои се јавија од корона во земјата односно сфакањата дека нема да има голема епидемија или несериозниот пристап на стартот односно враќањето на дијаспората во земјата без да биде доволно информирана, насочена каде и што треба да прави, кои сипмтоми треба да ги очекува, доколку има симпртоми каде треба да се јави и зошто. На стартот едно лабаво однесување не доведе до друг резултат односно не довезед до резултат на едни драконски мерки кои ги спроведуваме во моментот.

Николов во своето гостувањего во врска со целата ситуација за корона вирусот го истакна следново:

-На 12 март сите лекари дерматовенеролозите се најдоа во изолација од едно несоодветно однесување и тука се разбуди алармот дека се сочуваме со нешто несериозно кое што може да го блокира и да го закочи здравствениот систем. Дерматовенеролозите беа во излоација 14 дена, од нив 6 остана позитивни. Претходно имавме жарижте кое беше во Дебар и тоа жариште на почетокот се решаваше ноншалантно се додека не се испрати еден тим и екипа. За разлика од Дебар во Куамново и Прилеп не се спроведоа сличните мерки иако опозицијата бараше подолго време на тоа, а последните 10 дена бараше и градоначалникот на Куманово. Она што се случува на Клиниката за инфектологија практично најголемиот број кој што доаѓаат или 50 проценти од паиентите доаѓаат од Куманово, останатите 50 проценти се од Прилеп.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.04.2020 - 21:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега