Зекири: Се потпишав на иницијативата за свикување собраниска седница

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири во изјава за МКД.мк вели дека се потпишал на иницијативата за свикување итна собраниска седница на која би се потврдиле одлуките на претседателот Стево Пендаровски за воведување вонредна состојба.

„Денеска се потпишав на иницијативата за свикување на итна собраниска седница. Нашата цел е да направиме уште еден обид да биде свикана седница на која ќе бидат потврдени одлуката на претседателот Пендаровски, но да биде во функција на евентуална потреба во иднина за повторно прогласување на вонредна состојба“, изјавил Зекири.

Тој додава дека се консултираат и со други пратенички групи со кои делат исто мислење околу работата на Собранието во вакви услови.

Иницијативата, како што рече Зекири, до утре ќе биде доставена кај претседателот на Собранието. Талат Џафери.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.04.2020 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега