Костовски: Градоначалникот на Бутел во ек на корона вирус потроши половина милион евра за вработување на партиски војници

Велимир Смилевски, градоначалник на Бутел, поставен од Зоран Заев потроши половина милион евра за полнење на општинската администрација во ек на корона вирус, ова денеска преку прес-конференција за јавноста го истакна Дарко Костовски

-Да, додека владата им зема на компаниите и граѓаните и размислува да намали плати, додека буџетската дупка е 1.2 милијарди евра, Смилевски во Бутел троши пола милион евра за згрижување на партиски пајташи во администрацијата на општина Бутел. Нема пари за заштита на лекарите, но има пари за партиски вработувања на СДСМ кои служат како поткуп пред избори. Медицинскиот персонал во амбулантата во Бутел сам си купува заштитна опрема, аммбулантата е сместена во руинирани бараки, кои прокиснуваат и наместо тоа да е приоритет, Смилевски решава парите да ги потроши на поткуп по примерот на својот шеф – Заев, вели Костовски.

Тој додава дека се работи за чист предизборен поткуп. Затоа што:

  1. Нема зголемен обем на работа. И администрацијата која е веќе ангажирана не оди на работа во полн состав.
  2. Ангажирање на 130 луѓе создава превработеност во администрацијата, се оптеретува буџет, што на долг рок е неиздржливо.
  3. Процесот на ангажирање се прави за време на вонредна состојба преку агенцијата за времени вработувања. Никој не знае како се избрани кандидатите. Едноставно логички се заклучува дека изборот паднал на најдобрите на Велимир.

-Граѓаните ве прочитаа. Поткупот кој го правите, додека луѓе умираат, доктори и медицински сестри се заразуваат е повеќе од очигледен и мизерен. И за сите незаконитости ќе одговарате, вели Костовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.04.2020 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега