ЈСП Скопје од утре со нов режим на јавниот превоз

Од утре, четврток (23.04.2020 год) со оглед на најновата одлука на Влада на РСМ за забрана за движење на населението во период од 19-05 часот, јавниот превоз ќе сообраќа до 19 часот, во две смени, од 5 до 9, па од 13 до 19 часот.

Од сабота (25.04.2020 год) од 15 часот до понеделник (27.04.2020 год) до 5 часот, јавниот превоз нема да функционира. За деталите за режимот на јавен превоз во сабота, ќе информираме во текот на утрешниот ден.

ДЕТАЛИ ЗА РЕЖИМ НА ЈАВЕН ПРЕВОЗ УТРЕ И ВО ПЕТОК

Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.

Во прилог се термините на поаѓање (првите и последните, согласно рестрикциите).

Останатиот распоред, во меѓупериодот од први/последни наведени термини, може да се види на вебстраницата на ЈСП Скопје.

Пример. Линија 15 (Ново Лисиче-Карпош 4).

Согласно саботен возен ред, линијата почнува да сообраќа од 6.40 ч, па се реализираат сите термини до наведениот последен пред 9 часот односно, 7.02 ч, 7.46 ч, 8.08 ч (последен наведен термин во прилогот пред 9 часот), па 12.32 ч (прв наведен термин во прилогот од 13 часот),12.54 ч, 13.38 ч, 14 ч, 14.22 ч, 15.06 ч, 15.28 ч, 15.50 ч, 16.40 ч, 17.10 ч и 17.54 ч (последен наведен термин во прилогот пред 19 ч).

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.04.2020 - 18:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега