И третиот тест – позитивен: Голманот на Аталанта никако да се „откачи“ од коронавирусот!

Италијанскиот град Бергамо беше едно од најголемите жаришта со коронавирусот во оваа држава, која беше една од најпогодените во Европа, а причина за тоа беше фудбалскиот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Аталанта и Валенсија.

Меѓу заразените беа и дел од фудбалерите на италијанскиот прволигаш, а најлошо мина резервниот голман Марко Спортиело, кој сѐ уште мачи мака со болеста Ковид-19. Тој неодамна го правеше и третиот тест за коронавирусот, кој одново се покажал како позитивен. Чуварот на мрежата нема сериозни симптоми, поради што се надеваше дека болеста е минато, но последниот позитивен тест ги алармираше луѓето во клубот, со оглед на фактот дека заболените обично за максимум 20 дена ја го победуваат вирусот.

Спортиело ќе остане во домашен карантин и речиси сигурно ќе го пропушти почетокот од подготовките за новата сезона, закажан за 4 мај.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.04.2020 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа