Арсовски: Ослобдувањето на Кичеец, показател дека Рускоска работи под диктат на Заев

Зоран Заев и СДСМ ги ослободија сите можни осудени криминалци во Република Македонија. Таков е и случајот со еден од осудените од случајот „Рекет“, Зоран Милески Кичеец.

„Дали Вилма Русковска ослободувајќи го осудениот од случајот ‘Рекет’ и пуштајќи го на слобода  уште еднаш сака да докаже дека е соучесник во случајот ‘Рекет’, притоа помагајќи нарачателите и Зоран Заев да ги прикријат трагите?

Вилма Русковска од самиот почеток на случајот истрагата ја водеше непрофесионално и аматерски. Најпрвин, им остави време на инволвираните да прикриваат докази и траги. Потоа доцнеше со истрагата, во среде случајот си отиде на летен одмор со целото обвинителство. Со очајни напори се обиде да го прикрие изнесувањето на доказите за случајот „Рекет“. И со пионот на Зоран Заев, Љубомир Јовевски, се обидоа да ја ограничат истрагата само на тројца несреќни извршители, за веднаш потоа да се утврди дека имало и многу инволвирани, вмешани од врвот на СДСМ.

Ослободувањето на Зоран Милески Кичеец, веќе осуден за случајот „Рекет“, е само показател дека Вилма Русковска работи директно под диктат на Зоран Заев и свесно сака да го прикрие случајот „Рекет“, односно сите докази и трагите со цел  Зоран Милески да прекине да ја разоткрива вистината во своите искази и сведочења.

Ако од нешто се плаши Зоран Заев, тоа е од разоткривањето на случајот „Рекет“ бидејќи и самиот директно е вмешан во истиот. Впрочем, според исказот на веќе ослободениот Кичеец, Заев му кажал на Бојан 13 дека се пријавени за случајот „Рекет“ во Влада.

Одговорност за сето ова мора да има. И за инволвираните и за нарачателите, но и за оние коишто помагаат во прикривањето на случајот, како што е Вилма Русковска“, порача Арсовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2020 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега