Мендух Тачи упати честитка за месецот Рамазан до верниците од исламска вероисповед

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, им го честита месецот Рамазан, на сите верници од исламска вероисповед.

Во пресрет на месецот Рамазан,  Тачи, истакнува дека нашиот народ се соочува со вонредна ситуација  и оти ова е пригоден момент да се одрази и да бидеме солидарни со сиромашните и оние кои имаат потреба.

– Јас сум целосно убеден дека заедно ќе излеземе од оваа ситуација. Во овој свет месец Рамазан, посакувам да биде прифатени вашиот пост, молитви и целото ваше богослужба во текот на овој свет месец и да истиот да донесе здравје, мир и хармонија на вашите семејства. Дозволете ми, во мое име и во име на Демократска партија на Албанците, да ви посакам здравје, благосостојба и лесен пост во месецот Рамазан, вели Тачи во својата честитка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2020 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега