ВМРО-ДПМНЕ до Димитров: Лешинар е човек чија ќерка добива стипендија од 40 илјади евра од владата чиј таткото е министер

Бидејќи за Димитров одговорноста е непозната категорија, чувствуваме должност да му го објасниме значењето на зборот лешинар кој тој го употребува. Лешинар е човек чија ќерка добива стипендија од 40 илјади евра од владата чиј таткото е министер, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Според партијата, лешинар е човек кој менува партија не поради идеолошки разлики, туку кариерни побуди и се разбира лукративни мотиви.

-Лешинар е човек кој во исто време кога ќе каже дека штити државни интереси истите ќе ги продава на пазар. Лешинар е човек кога ќе крие од јавноста дека и донел уште една капитулација на државата каде е министер и притоа ќе моли новинари тоа да не го објават. Да се вратиме на темата, зошто Димитров го криеше документот со кој од нас се бара откажување од македонскиот јазик и историја како услов за продолжување на европските интеграции? Дали чувствува вина лешинарот Димитров за тоа што донесе нов неуспех на Македонија?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2020 - 20:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега