СДСМ: Заглавени во антидемократска и деструктивна фаза, за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ Собранието е најголемиот непријател

„ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, останува заглавена во својата антидемократска и деструктивна фаза во која Собранието останува нивен непријател.

ВМРО-ДПМНЕ е единствена партија за која Собранието е најголем проблем, единствена опозициска партија која не сака да се свика собранието“, велат од СДСМ.

„Со таквото однесување, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека е против силен и независен законодавен дом, што и не зачудува бидејќи навиканти од времето на режимот, во белиот дворец, сакаат да имаат контрола над се, на секоја институција во државата.

Поднесената иницијатива на претаниците за свикување на седница во Собранието на Република Северна Македонија е демократски порив – Собранието да се состане и да се потврдат одлуките на Претседателот на државата и парламентот да биде во функција и контрола на извршната власт, како што впрочем е и во секоја демократија.

СДСМ покажува демократски капацитет и во време на криза, нема проблем Владата да биде контролирана од Парламентот, што не е случај со ВМРО-ДПМНЕ партијата која и овојпат го покажа на дело своето деструктивното и неодговорно однесување“, соопштуваат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2020 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега