Тачи: И ангели да има во Владата, парламентот како коректор на извршната власт мора да функционира

Претседател на ДПА Мендух Тачи во„Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ истакна дека во ваква ситуација не треба да се дозволи Владата да донесува одлуки без Парламентот.

-Мислам дека ние како држава и како граѓани живееме во ситуација што никој не знае колкуј може ова да потрае, а што е најстрашно никој од нас политичарите, па и од раководителите на институциите да кажеме – ајде излегувајте сите, затоа што никој не е е во ситуација да ја преземе оваа одговорност. Кога имате ваква ситуација не можете да дозволите Владата да донесува одлуки без Парламент.

Најмногу месец дена би можела, но после тоа мора да се свикa Парламент. Што ако треба некои потешки законски одлуки да се донесат? Нас ќе ни треба Парламент. На крајот на краиштата ние сме парламентарна деморатија и коректор на Владата, па и ангели да има во Владата. Но, ние не сме ангели, ние сме луѓе и имаме предиспозиции да присвојуваме власт, изјави Тачи.

-Тука не смееме да гледаме еднонасочно, односно дека ситуацијата ќе се смири. Мора да се постави и прашањето што долку ситуацијата ескалира, вели Тачи и додава дека одлуките на претседателот Пендаровски мора да бидат преку верификувани и поддржани од парламентот.

Според Тачи, ДУИ се исплашени од губење на власта.

-Чудно ми е зошто ДУИ се против свикување на седницата. Мислам дека на нив им одговараат побрзи избори и се уплашени од губење на власт. Но стварно немаат поголем аргумент зошто да не се свика Парламентот, вели Тачи.

Лидерот на ДПА смета дека сме во почетоците на пандемијата.

-Сметам дека нема да има избори. Зошто? Па кој е тој од струката, од лекарите, од професионалците ќе може да да преземе одговорност да вика дека откако ќе престане вонредната ситуација дека ние може комотно после 22 дена да одиме на избори? Затоа треба да фунционира Парламентот. И да се договориме и одлучуваме тие рокови да ги пролонгираме да бидеме транспарентни. Можеби политиката ќе одлучува, но сега главниот советник и тој што ќе сугерира на политиката ќе биде струката. Мора да бидеме претпазливи. Ништо не е завршено. Јас се уште мислам дека сме во почетоците на пандемијава, изјави Тачи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2020 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега