Јанушев: Струмичка фирма доби тендер од Дрисла од над 12 милиони денари

Јавното претпријатие „Дрисла“ и град Скопје на 18 март доделиле тендер за изнајмување на градежни машини за три месеци на фирмата „Алпима Градба ТИМ“ ДООЕЛ Струмица. Тендерот бил доделен во четири очи, а „Алпима“ била единствен понудувач, изјави денеска Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сопственик на оваа фирма која е и единствен понудувач по пат на преговарање во 4 очи и која го доби тендерот од над 12 милиони денари во вонредна состојба е веќе познатиот на јавноста Александар Пиперевалиев, а фирмата е регистрирана во Струмица.

Она што е интересно за оваа фирма е дека ова е прв и единствен тендер добиен во изминативе неколку години, фирмата воопшто нема искуство со работење тендери и уште поинтересно е дека својот подем оваа фирма го доживува од 2017 година па навака, откако СДСМ доаѓа на власт. Од 2017 до 2018 профитот кај оваа фирма нараснал за над 3.000%. Целиот обрт во 2018 година на фирмата е 12 милиони денари, а сега одеднаш во еден тендер се добива сума од истата висина.

Пиперевалиев е тесно поврзан со фамилијата Заеви, каде што е близок бизнис ортак со Горан Крстев во фирмата за канабис „Бул билдинг“ Струмица, кој е пак доскорашен бизнис ортак со семејството Заеви преку фирмите „Сара Јавор“ и „Сара Инжинеринг“. Пиперевалиев дополнително на јавноста ѝ е познат по апсењето на неговиот бизнис партнер во Србија, Предраг Куловија, а според медиумите се водеше истрага за него и бизнис партнерот на Заеви, Горан Крстев“, изјави Јанушев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2020 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега