ВМРО-ДПМНЕ: Блескавата економија на СДСМ колабираше по само два месеца криза

Мерките за помош на стопанството не беа ниту навремени, ниту, пак, се доволни за спас на македонската економија, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешната прес-конференција на министерката Нина Ангеловска, која најави дека бескаматни кредити од среда ќе може да бараат компании од сите дејности.

„Додека Владата на СДСМ се фали со своите економски мерки за помош на стопанството, ја зголеми акцизата за нафтата со што директно им наштети на граѓаните и на малите и средни претпријатија кои се најпогодени од кризата како резултат на епидемијата“, стои во партиската реакција во која уште се додава дека над 100 илјади граѓани се соочуваат со отказ, односно во моментов се оставени без приходи.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека угостителите веќе втор месец се без работа.

„Овој сектор се соочува со колапс и токму поради тоа директно побара помош од Владата. Наместо помош, Владата на СДСМ ги обвини угостителите дека лажат. Транспортерите се закануваат со протести поради зголемувањето на давачките кон државата, односно поради зголемувањето на акцизата“, велат од партијата додавајќи дека економијата за која Заев и Ангеловска тврделе дека блеска, колабирала по само два месеца криза.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2020 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега