Дигитална конференција „Современи алатки за политичка комуникација“ во организација на Конрад Аденауер и ВМРО-ДПМНЕ

Денеска се отвори повеќе дневна дигитална конференција со наслов „Современи алатки за политичка комуникација“, во заедничка организација Политичката Фондација на ЦДУ – Фондацијата Конрад Аденауер и ВМРО-ДПМНЕ.

Пред учесниците прв се обрати Директорот на Фондацијата Конрад Аденауер, Норберт Бекман. Спoред Бекман соработката помеѓу Фондацијата Конрад Аденауер и ВМРО-ДПМНЕ се одвива на исклучително ниво врз основа на висок степен на взаемна доверба и се очекува да продолжи со засилена динамика. Бекман кажа дека е потребно посебно во вакви кризни времиња да се засили соработката помеѓу сестринските партии.

-Свое обраќање имаше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ д-р Христијан Мицкоски. Мицкоски нагласи дека и покрај огромната криза која произлегува од состојбите од глобалната пандемија, фактот дека се организира заедничка Конференција со Фондацијата Конрад Аденауер е доказ дека германската политичка фондација останува силно посветена на политичкото партнерство и градењето на капацитетите на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски истакна дека во овие кризни моменти ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи во нудење на решенија за здравствените и економски предизвици ставајќи ја нашата земја и нејзините граѓани пред се. Обуката предвидува пренесување на најсовремените вештини од областа на современата политичка комуникација од страна на повеќе домашни и странски експерти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2020 - 18:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега