ЈП „Комунална хигиена“- Скопје ги миеше булеварите и улиците во текот на ноќта
Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје информира дека во текот на минатата ноќ со помош на пет автоцистерни спроведено е машинско миење на сите булевари и поголеми улици на територијата на Град Скопје.
Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје Абдусамед Шабани изјави дека машинското миење на скопските булевари и улици е една од најзначајните активности што ги спроведуваат во насока на спречување на ширењето на вирусот Ковид-19.
-Екипите на претпријатието ги мијат сите јавни сообраќајни површини и по два пати во рамки на едно деноноќие, а наш главен приоритет е одржувањето на јавната чистота и заштитата на здравјето на граѓаните, посочи Шабани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа