Премиер лигата ќе дозволи пет замени по натпревар

Раководството на Премиер лигата е подготвено да им овозможи на клубовите да направат пет замени во натпреварите по продолжувањето на сезоната, прекината поради пандемијата на коронавирус, објави „Сан“.

Постојат стравувања дека играчите нема да бидат во најдобра физичка состојба, што ќе го зголеми ризикот од повреди.

Исто така, веројатно е дека ќе се одржат по два натпревара неделно.

Претходно, пет замени беа направени во натпревари како привремена мерка предложена од ФИФА. Сличен предлог во Италија даде тренерот на Сампдорија, Клаудио Раниери.

Доколку биде одобрено, клубовите од Премиер лигата сами ќе одлучат дали сакаат да го користат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.04.2020 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега