Не може да се ослободи од инфекцијата: Дибала и по четвртото испитување позитивен на коронавирусот

Аргентинскиот фудбалер од редовите на Јувентус, Пауло Дибала никако не може да ја добие битката со коронавирусот.

Иако Дибала веќе долг период нема никакви симптоми и се чувствува одлично тој се уште е позитивен на овој опасен вирус. Тоа го јавува „Ел Чирингито“ кој тврди дека Аргентинецот неодамна направил и четврто испитување на кое исто така бил позитивен.

Индивидуалните тренинзи на отворено во Италија ќе бидат дозволени веќе на 4 мај, а од 18 мај ќе се започне и со групни тренинзи. Јасно е дека дотогаш Дибала мора да биде чист на вирусот доколку сака да биде заедно со тимот, во спротивно ќе остане во изолација со цел да не предизвика нова експлозија и ширење на короната.

Со сличен проблем како Дибала се носи и голманот на Атланта, Марко Спортиело кој исто така веќе еден месец е позитивен на Ковид-19.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.04.2020 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа