Нема холандско сценарио во Лига 1: Французите прогласија шампион и испаѓање од елитата

ПСЖ и официјално е шампион во Лига 1 за суспендираната сезона 2019/2020. Раководството на лигата одлучи да му ја додели титулата на тимот од Париз, бидејќи во моментот на прекин на шампионатот имаше 12 бодови предност пред второпласираниот Олимпик Марсеј и натпревар помалку.

ПСЖ следната сезона ќе игра во Лигата на шампиони заедно со Олимпик Марсеј како второпласиран, а деби во европската елита ќе направи Рен. Последните две екипите на табелата Амиен и Тулуз од следната сезона ќе се натпреваруваат во Лига 2. Тулуз испаѓа од елитата за прв пат по цели 17 години.

Лил и Ремс ќе играат во Лигата на Европа. Лориен како шампион на Лига 2 и второпласираниот Ленс од следната сезона 2020/2021 ќе се натпреваруваат во најсилното француско фудбалско друштво. .

„Ние бевме искрено подготвени да ја завршиме сезоната како што планираа и Германците и Шпанците, но тука беше одлуката на Владата, што ние мораме да ја почитуваме“, изјави претседателот на Лига 1, Дидие Кило.

За ПСЖ ова е седма титула во Франција во последните 8 сезони, а вкупно деветта во историјата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.04.2020 - 18:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега