ВМРО-ДПМНЕ: Никој службеник не смее да зема пари, по примерот на Зоран Заев, за тоа што согласно закон е должен да го направи

ВМРО-ДПМНЕ со реакција на соопштението на СДСМ во кое обвинија дека функционер на опозициската партија земал поткуп.

„ВМРО-ДПМНЕ го осудува и бара најстрога санкција за секој кој злоупотребува позиција и зема поткуп. Бараме институциите на системот најбрзо да постапат согласно закон. За ВМРО-ДПМНЕ нема дилеми. Никој службеник не смее да зема пари, по примерот на Зоран Заев, за тоа што согласно закон е должен да го направи. Секој кој земал поткуп мора да одговара. Примерот на неказнивост кој го поддржа СДСМ со Зоран Заев и неговата аболиција, не смее да стане пракса“, се вели соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, сите што сториле криминал треба да одговараат.

„СДСМ е единствена партија во Европа која што е водена од криминалец три пати аболиран за најтешки дела. СДСМ е партија која функционира само со Луј Витон куфери, рекет и трас-трас судство. Соработници на Заев шверцуват цигари, малтретираат граѓани, местат тендери и тонат во криминал по урнек на нивниот аболиран водач“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката партија СДСМ претходно одбвини дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува политики со кои преку страв и закани сака да ги контролира граѓаните.

„Пред неколку дена јавноста беше сведок како функционер на ВМРО-ДПМНЕ, вработен во државна институција примил поткуп од 600 евра од еден земјоделец од радовишкото село Бучим. Полицијата му поднесе кривична пријава на Игор Гоцевски преку Јавното обвинителство во Струмица откако го приведе со обележани банкноти во износ од 36.000 денари“, соопшти СДСМ.

 

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.05.2020 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега