СДСМ: Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ бегаат од избори, им пропаднаа сите срамни обиди државата да не успее

Во овој тежок период со кој се соочи светот и нашата држава поради коронавирусот, на граѓаните им е потребна сериозна, одговорна, ефикасна и брза борба против невидливиот непријател којашто ќе им помогне на сите погодени од кризата и ќе им го врати нормалниот живот, велат од СДСМ.

Според партијата, за време за здравствената и економска криза, граѓаните прават јасна разлика помеѓу одговорно и неодговорно однесување. 

-Граѓаните не ја забораваат срамната изјава на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на крајот од февруари, кога кажа дека „од СДСМ молеа бога да се случи корона вирус за да не може ВМРО-ДПМНЕ да излегува со народот на протести“. Наместо со заедништво и солидарност да придонесе во борбата против коронавирусот, Мицкоски се исмеваше и ја потценуваше пандемијата.  Истиот тој Мицкоски само два месеца по несреќната и скандалозна изјава, се исплаши и бега од одржување на предвремени парламентарни избори, се вели во соопштението од СДСМ

Оттаму тврдат дека Мицкоски е соочен со неуспехот на неговите, како што велат, срамни, непартиски надежи и напори да го одложи членството на Македонија во НАТО, државата да не добие преговори со ЕУ, како и со пропаднати поднметнувања здравствените работници да не успеат во справување со епимидејата.

-Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ покажаа крајно неодговорно однесување во клучните моменти за здравјето на македонските граѓани. Тие се свесни за тоа и затоа бегаат од  демократски мегдан. Тоа е причината поради којашто не сакаат функционално Собрание, нормализирање и избори. СДСМ ќе продолжи да се однесува одговорно и секој следен чекор, ќе биде исклучиво во функција на сигурната иднина на граѓаните, а Мицкоски нека продолжи да спортува, така е најмалку опасен за македонското здравство, за македонската демократија. Граѓаните се уморни евтиното политиканство, деструктивно и неодговорното однесување на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ и ги препознаваат нивните лаги со цел да шират паника во време на криза кога им е потребна сигурност. Граѓаните знаат дека Мицкоски е тој кој е против европска, безбедна и стабилна иднина на нашата држава, против членство на државата во НАТО и ЕУ. СДСМ и граѓаните сериозно се подготвуваат за новата реалност, за враќање на нормалниот тек на процесите и одговорност е на сите политички партии и институции тоа да го овозможат, се вели во соопштението од СДСМ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.05.2020 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега