Германски министер: Го поддржувам продолжувањето на Бундеслигата

Германскиот министер за внатрешни работи и спорт Хорст Зехофер изјави дека е за продолжување на Бундеслигата во мај и покрај пандемијата со коронавирусот.

-Сметам дека распоредот кој го предложи Германската фудбалска лига е изводлив и поддржувам продолжување на сезоната во мај, истакна Зехофер за Билд.

Германските власти во среда ќе одржат состанок на кој ќе се одлучи иднината на фудбалската сезона.

Бундеслигата беше суспендирана на 13 мај, а до крајот на шампионатот останаа уште девет кола.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.05.2020 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега