Заразени 10 бундеслигашки фудбалери

Првата серија тестови во германското првенство покажа дека 10 фудбалери се заразени со коронавирусот.

Бундеслига објави дека вкупно се направените 1.724 тестови меѓу играчите и членовите на стручните штабови во првиот и вториот ранг на натпреварувањето.

Не објавија детали кој е заразен, ниту од кои клубови или рангови.

Според правилата во Германија, секој кој имал контакт со зараазен мора да помине 14 дена во карантин. Бундеслигата би требало да се врати на крајот на мај, а челниците в среда ќе одржат состанок дали воопшто ќе се продолжи сезоната.

Тестирањето ќе се продолжи без разлика дали натпреварувањето ќе почне до крајот на мај. Без оглед на резултатите, сите клубови ќе мора пред продолжување на фудбалот да поминат карантински подготовки. Келн претходно потврди дека во тој клуб има тројца позитивни, а еден случај има и во Штудгард.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2020 - 18:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега