Бесими: Важно е да продолжиме со дијалогот со новинарите

На консултативниот комитет на граѓанско општество на Европската унија и Република Македонија, што се одржува денеска во Скопје, свое обраќање имаше министерот Фатмир Бесими.

Пред присутните, вицепремиерот задолжен за европски прашања, истакна дека соработката со цивилниот сектор, а во тој контекс и дијалогот со новинарите, и соработката со младите се важни аспекти за Македонија и сите треба  да го дадат својот придонес, како државните институции, така и невладиниот сектор.

- Важно е да продолжиме со дијалогот со новинарите, во однос на консолидирање на законската рамка, подобрување на условите  за работење и квалитетот  во таа област  и создавање амбиент за слобода на изразување  како што е тоа во нашиот Устав и како што посакуваме во  наредниот период во сите меѓународни извештаи да се подобри сликата за РМ во однос на оваа област. Тоа е наша заедничка цел,  на Владата, државните институции, на цивилниот сектор и е во корист на граѓаните на Република Македонија, рече Бесими.

Бесими посочи дека веќе се работи на конкретизирање на Извештајот од ЕК  и претворање во акциски план: - Членството на РМ во ЕУ е важен приоритет за нас и драго ми е што Македонија  и регионот остануваат во приориетите за проширување. Во наредниот период ќе  го дадеме нашиот максимум и  во декември очекуваме препораките од  Извештајот да може да се оставрат за да  Македонија чекори понатаму кон членството ЕУ со поквалитетни и побрзи реформи и отвореност  внтаре во земјата кон соседите и кон ЕУ, наведе Бесими.

На Комитетот се обрати и заменик министерот за труд и социјална политика, Ибраим Ибрахими, кој посочи дека невработеноста е сериозен проблем и затоа мерките и во наредниот период за 2014 и 2015 година се насочени кон нејзиното намалување.

- Во националната стратегија за вработување за периодот до 2015 година тоа е приоритетна цел и за 2015 година е предвидено да се оствари стапка на вработеност на младите од 29 проценти, рече Ибрахими. 

 

22.10.2013 - 12:13
Фото: 
kajgana

најчитано сега