Барселона пријави огромни загуби поради коронавирусот

Екипата на Барселона досега изгубила 120-140 милиони евра поради пандемијата од коронавирус. Ова го откри економскиот потпретседател на клубот, Жорди Кардонер.

Од нив, околу 50 милиони се поради стопирање на продажба на билети за дуелите и клупскиот музеј, 39 милиони се за неплатени ТВ права и меѓу 20-25 милиони за комерцијални приходи од продавници, фудбалски кампови, активности на клупски легенди итн.

– За толку знаеме денес. Секако ќе има загуби. Трошоците ќе мора да се намалат. До февруари ги надминавме очекувањата. Нашата позиција беше успешна и очекувавме врвен крај на финансиската година. Сезоната запре и нашите приходи драстично паднаа. Во првата година на спонзорство името на стадионот ќе биде приход за жртвите од коронавирус и останатите 25 години во комерцијални цели. Играчите беа многу позитивни во однос на кратењето на платите, затоа што знаат дека ситуацијата не е шега. Ла Лига може да не се игра пред гледачи до следниот февруари. Бројот на засилувања ќе биде ограничен, повеќето ќе се преку размена. Така ќе бидат работите во цела Европа, прокоментира Кардонер пред „ЕСПН“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2020 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега