Успешно симулирана сообраќајна несреќа кај наплатната рампа Тетово-Гостивар

На автопатот Гостивар-Тетово, во близина на наплатната рампа, денеска се симулираше сообраќајна несреќа. Во „несреќата“ при судир на две возила и едно комбе, имаше 16 повредени лица со здобиени тешки повреди и изгореници на телото.

Покрај стручни тимови кои ги следеа постапките на службите на општата болница „Ферид Мурад“ и Здравствениот дом, полицијата, пртивпожарнита единица, ЦУК и Дирекцијата за заштита и спасување, вежбата ја следаа и претставници на министерствата за здравство и за локална самоуправа и Светската здравствена организација.

- Со ваквите вежби сакаме да го подобриме степенот на подготвеност при кризни ситуации и да ја подобриме и подготвиме координацијата помеѓу повеќе институции кои би биле вклучени во реалните ситуации, рече заменик министерот за здравство, Јовица Андоновски.

Позитивни оценки за изведената симулација на сообраќајна незгода даде и координаторот на вежбата, проф. д-р Михаил Кочубоски . - Со оваа вежба се проверуваа и плановите на болницата и здравстевниот дом. Оценката на вежбата е дека реакцијата на повикот била навремена исто како и пружањето помош и дека планот функционира, вели Михаил Кочубоски национален координатор и советник во Министерството за здравство за подготовка и одговор на кризни состојби.

- Нé радува што ваквите оперативни планови во практика функционираат. СЗО и понатаму ќе го подржува ваквите вежби, бидејќи на таков начин ќе се врши континуирана проверка на системи за одговор на кризи, вели Снежана Чичевалива, шеф на канцеларијата на СЗО.

 

22.10.2013 - 13:44

најчитано сега