Стојанче Ангелов влегува во трка за претседател на државата

Партијата Достоинство прва обелодени кој ќе биде нивниот кандидат за претстојните претседателски избори. Очекувано, изборот паднал на лидерот Стојанче Ангелов. Тој на денешната прес-конференција порача дека ќе му биде чест доколку граѓаните му ја дадат довербата.

„Со сета почит кон досегашните претседатели, Глигоров, Трајковски, Црвенковски и Иванов кои ја предводеа државата во тешки времиња, мене ми преостанува доколку бидат избран за претседател на државата уште поенергично и бескомпромисно да се борам за националните интереси“, изјави Ангелов.

Минатата недела Ангелов ја напушти коалицијката со СДСм и најави самостоен настап на изборите. За едни, тоа беше потег кој бил резултат на различните концепти на Заев и помалите партии од коалицијата а за други пак смислено сценарио за оддалечување на малите десничарски партии од СДСМ за да се одземе од поддршката на ВМРО-ДПМНЕ.

22.10.2013 - 13:50

најчитано сега