Попоски: Владата ги почитува правата на дечињата

Владата на Република Македонија и УНИЦЕФ денеска на состанокот на високо ниво се согласија околу потребата од зголемување на ангажманот насочен кон децата кои не ги уживаат во целост придобивките од економскиот  и социјалниот развој на земјата.

 - Оценката за успешноста на соработката со УНИЦЕФ, говори во прилог на решеноста на Владата на Република Македонија за доследно почитување и промоција на правата на децата и нејзините напори да ги реализира обврските согласно меѓународните конвенции за заштита на најранливата категорија т.е. децата, преку активно спроведување на меѓународната агенда на национално ниво.,” истакна денеска министерот за надворешни работи, Никола Попоски.

 

Министерот истакна дека во последниот период беше усвоен новиот закон за детска заштита, а во процедура е законот за правда на децата. Ревидиран е националниот акциски план за деца во согласност со препораките од Комитетот за правата на детето, како и стратегијата за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост.  Донесена е национална стратегија за изедначување на правата на лицата со попреченост и национална стратегија за превенција на малолетничко престапништво. Формирано е национално координативно тело за заштита на деца од злоупотреба и занемарување. Ратификувана е конвенција за правата на лицата со попреченост. 

 Попоски подвлече дека Владата вложува посебни напори за борба против сиромаштијата, чии најголеми жртви се токму децата.

 - Вашата земја може да се гордее на солидниот напредок во реформите предводени од Владата со цел да допре до најзагрозените и најранливите деца“ рече г-ѓа Мари-Пјер Поарие, регионален директор на УНИЦЕФ за Централна и Источна Европа и Заедницата на независни држави.

 

22.10.2013 - 13:54
Фото: 
Кајгана

најчитано сега