Меркел го одложи почетокот на Бундеслигата

Германската канцеларка Ангела Меркел на денешната седница на владата реши да го пролонгира рокот за враќањето на фудбалот.

Вчера медумите тврдеа дека на 15 мај ќе продолжи сезоната во Првата и Втората германска лига, меѓутоа по состанокот на владата и премиерите на 16 германски покраини, било договорено дека мора да има две недели карантин.

Медиумите сега шпекулираат дека фудбалот во Германија ќе се врати на 21 мај.

„За да продолжи сезоната мора да има карантин од најмалку две недели, карантинот може да биде и во тренинг-центрите“, се истакнува во предлогот.

Министерот за здравство Јенс Спах оценил дека овој протокол би можел да биде искористен и за другите спортови.

До крајот на сезоната во Бундеслигата останаа уште девет кола, проценките се дека со нејзиното завршување германските клубови ќе соберат 300 милиони евра од ТВ правата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2020 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега