Експерт од ОБСЕ ќе прави ревизија на Избирачкиот список

На денешната средба на работната група за избирачкиот список, претседателот на групата Бедредин Ибраими истакна дека Македонија има прочистен список, а експерт од ОБСЕ ќе ја направи проверката.

Се работи за експертот од ОБСЕ, Џон Арон кој до сега работел во Косово, Украина, Пакистан, како и во некои азиски земји, вклучувајќи го и Блискиот Исток. На денешната седница пред членовите на работната група рече дека допрва ќе изработува методологија за ревизија на Избирачкиот список и дека за таа цел ќе оствари средба со претставници на политичките партии, ДИК, МВР и други институции. 

Ревизијата не е промена на Избирачкиот список, ќе препорачам стратегија која работната група може ќе ја прифати за да направи ревизија на Избирачкиот список, изјави експертот на ОБСЕ Арон.

За претставникот на СДСМ самото присуство на експерт од ОБСЕ значи дека постои проблем со избирачкиот списокоцени дека во Македонија не постои политичка волја за одржување на попис, а во однос на теренската проверка клучен фактор е кој ќе ја спроведува ваквата проверка. Повторно го афирмираше предлогот гласачите обележани со ѕвезда во избирачкиот список, кои не живеат во Македонија да бидат издвоени во посебен список, како и оној за измени на законот за престојувалиште.  

Бројот на запишани избирачи во избирачкиот список до 17 октомври оваа година изнесува 1.779.605 гласачи. 

Ибраими смета дека треба да се извести Министерството за правда и заедно со другите измени во однос на изборите да се направи и редефинирање на изборните единици. - Поголем број бирачи, поголем број пратеници, вели Ибраими.

Претставниците на работната група на увид добија и табела на лица кои не се распоредени во избирачкиот список. Според Ибраими, најголем број од овие лица се од скопските општини и оти причината за нивното нераспоредување се истите називи на улици во различни општини во градот Скопје.

22.10.2013 - 14:12
Фото: 
Канал5

најчитано сега