Усвоени измените на Законот за инспекциски надзор

Македонските пратеници денеска ја продолжива 74. седница. Во рамки на седницата е донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор со кој треба да се воспостават стандарди за квалитет на работата на инспекциските служби, ефикасноста и ажурноста во функционирањето на инспекциските служби, координација и хармонизација во вршењето на инспекцискиот надзор, и да се регулира организацијата и раководењето на инспекциските служби.

Во текот на дебатата на пратениците за дополнувањето на овој Закон, опозицијата најави дека нема да даде поддршка бидејќи со него единствена цел која требало да се постигне била да се собираат пари во буџетот на товар на стопанството и граѓаните.

За пратеникот Стојко Пауновски самото формирање на Инспекцискиот совет, тело, кое како што рече, ќе биде под капата на власта има за цел да вдоми партиски луѓе кои ќе ги контролираат инспекорите и ќе ги казнуваат оние кои се непослушни, додека Весна Бендевска смета дека ова законско решение е , како што рече, само уште еден режимски закон, кој ќе служи за малтретирање и казнување, за партиски и државен терор и врз граѓаните и врз фирмите.

Пратеникот Горан Мисовски од НСДП го дели ставот на другите опозициски пратеници и побара одговор  од заменик министерката за информатичко општество и јавна администрација Марта Арсовска Томовска колку ќе чини формирањето на ова ново тели на годишно ниво.

- За вкупното функционирање ќе бидат потребни 14 милиони денари, а даночните инспектори се исклучени бидејќи инспекцискиот надзор се однесува над примената на прописите.  не воправата смисла финансиските аспекти не претставуваат класичен инспекциски надзор. Во материјалните закони кои ја уредуваат даночната постапка уредена е посебна постапка за даночна инспекција. Од тие прилини и досега беше така. Тука само во законот експлиуцитно се исклучуваат за да биде почиисто и појасно иако тоа се содржеше и во минатите решенија, рече Арсовска Томовска.

Пратениците денеска ги ратификуваа Договорот помеѓу Република Македонија и Аргентинската Република за размена на информации за даночни прашања и Договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Федеративна Република Бразил за соработка во областа на образованието.

По редовната едночасовна пауза Собранието треба да гласа по Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за отворање на нов заеднички граничен премин наменет за меѓународен патен сообраќај меѓу двете земји „Белановце – Станчиќ“.

22.10.2013 - 14:18

најчитано сега