Скопјанец испратил текст со говор на омраза до функционер и Владата

 Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против Б.П.(32) од Скопје, кој работи во Р.Германија, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Пријавениот, како што соопштуваат од МВР, по пат на информатички систем, на 06 мај 2020 година до електронската пошта на функционер од политичка партија и до електронска пошта на Владата на Северна Македонија испратил текст со говор на омраза.

– Потоа, Б.П. на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ објавил постови во кои имало говор на омраза, а се однесуваат на претседател на политичка партија. Исто така, истиот ден Б.П. на објавен пост на „Фејсбук“ профил на една ТВ куќа имал објава во која се ширел говор на омраза, посочуваат од МВР. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.05.2020 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега