Четворица повредени во сообраќајка во Скопје

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа која вчера вечер се случила во Скопје.

-Во 19,10 часот на крстосница од ул.„Диме Хаџи Димов“ и ул.„Божидар Аџија“  во Скопје се  случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило„опел корса“ со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Ч.(53) од Скопје и патничко моторно возило„мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Б.(38) од Скопје. По незгодата со возило на итна медицинска помош Г.Ч и неговиот сопатник А.Т.(26) од Гостивар биле пренесени во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ каде од доктор на А.Т. му биле констатирани тешки телесни повреди,  додека Д.Б. и неговиот сопатник Д.А од Скопје биле пренесени во Градската општа болница„Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, велат од полиција.

 Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.05.2020 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега