Фатени двајца со дрога, едниот во полициски час

Полицијата во текот на изминатото деноноќие фатиле две лица кои со себе имале дрога.

Како што соопшти МВР, вчера во 18.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Ѓорѓи Капчев“ го лишиле од слобода Н.С.(41) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени прашкаста материја и црна течност.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-Вчера во 00.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Киро Глигоров“  за време на забраната за движење го лишиле од слобода Ж.Љ.(32) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, велат од полицијата.

 По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.05.2020 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега