Пронајдена бомба на депонија во Кавадарци

Вработен во ЈП Комуналец – Кадарци пронашол неексплодирана бомба на депонијата Мелци во Кавадарци.

-Вчера во 13.30 час во СВР Велес, С.А.(44) од Кавадарци, вработен во ЈП Комуналец -Кавадарци  пријавил дека  на депонија  - Мелци во Кавадарци била пронајдена неексплодирана  бомба. Од увидна екипа од  Одделение за внатрешни работи Кавадарци било излезено на местото на настанот при што било констатирано дека  се работи за рачна бомба М-75, која  била пронајдена од И.О.(49) од Кавадарци , вработен  како чувар на депонија Мелци, велат од полицијата.

Бомбата е подигната од Дирекцијата  за заштита и спасување во  Кавадарци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.05.2020 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега