Пожар во куќа во Делчево – повредена 67-годишна жена

Во пожар кој вчера избувнал во Делчево повредена е 67-годишна жена.

-Во 19,25 часот во Полициска станица Делчево било пријавено дека  на ул.„Првомајска“ во Делчево настанал пожар во куќа сопственост на С.И.(72) при што целосно бил опожарен спрат од куќата и целата покуќнина. Во пожарот со изгореници се здобила сопругата на сопственикот С.И.(67) на која доктор одитна медицинска помош и била укажана лекарска помош, велат од МВР.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Делчево.

 Увид на местото на настанот ќе изврши екипа од Полициска станица Делчево. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.05.2020 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега