Запленети 40.000 евра на граничниот премин Табановце

Овој викенд цариниците имале полни раце работа. Во два одвоени случаи на граничниот премин Табановце, биле запленети 40.000 евра.

Во првиот случај, се работи за македонски државјанин кој заедно со својот совозач, криел 19.950 евра. Парите биле сокриени во најлонска кеса во задниот џеб на совозачот.

Во вториот случај, кај грчки државјанин се најдени 20.000 евра од кои според Законот за девизно работење 10.000 евра веднаш му се вратени, а другите пари се задржани.

22.10.2013 - 15:16
Фото: 
Нова Македонија

најчитано сега