Блумберг: Светот на раб на голема гасна војна

Катар кој е еден од најголемите испорачувачи на природен гас во светот може да покрене голема гасна војна.

Како што пишува Блумберг, до тоа би можело да дојде поради намалување на цените на суровините поради падот на побарувачката поради коронавирусот и растот на светските залихи по толпата зима.

Откако коронавирусот ги погоди купувачите од Азија, а потоа и Европа, каде Катар најмногу го продаваше гасот, официјална Доха се најде пред тежок избор, да се намали производството или да се намали цената поради одржување на побарувачката.

-Намалувањето на производството ќе удри на приходите на Катар, освен тоа, тоа ќе даде можност Австралија на Доха да и ја одземе националната гордост – статус на главен светски испорачувач на течен гас, пишува Блумберг.

Ако Катар донесе одлука да ја намали цената на суровината поради зголемување на побарувачката и да почне војна со цените, тоа може да доведе до тоа производството на гас да биде непрофитабилно дури и за светските произведувачи со ниски трошоци на производство. Во догледна иднина цената на гасот може да стане и негативна, како што тоа се случи со нафтата во април годинава.

-Катар очекува сигурен пораз, без оглед на стратегијата која ќе ја одберат властите во земјата, пишува Блумберг.

Според проценките на Блумберг, по зголемување на побарувачката за гас во Азија, компанијата Катар Петролеум веќе нема да испраќа течен гас во Европа, а тој процес ќе трае повеќе месеци.

Големата понуда на светкиот пазар на течен природен гас може да остане во сила до 2025 година, сметаат од Меѓународниот гасен сојуз.

Државите производители на гас во иднина би можеле да формираат картел, сличен на нафтената организациај ОПЕК за да го регулираат пазарот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2020 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа