Се финализира третиот сет економски мерки за поддршка на граѓаните и стопанството

Премиерот Оливер Спасовски и владиниот економски тим го одржаа третиот состанок со членовите на Европскиот совет, експерти, гувернерката на Народната банка, претставници на комори, синдикални претставници.

Како што соопшти владината прес-служба, на состанокот е разговарано за третиот сет економски мерки што е предвидено да ги донесе Владата.

Премиерот Спасовски истакна дека третиот сет мерки има за цел поддршка и на граѓаните и стопанството. На средбата е разговарано за актуелната економска состојба во време на здравствената криза, за досегашната поддршка во економијата со претходните два сета економски мерки, за новите потребни мерки и за проекциите за можна ревитализација на економски план, се вели во соопштението од Влада.

Разменетите мислења, сугестии, предлози околу новите мерки како државна помош во економијата, како што е најавено, ќе бидат земени предвид при финализирањето на новиот сет економски мерки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2020 - 21:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа