Измените во Законот за шуми ќе овозможат граѓаните побрзо да дојдат до дрва за огрев

Пратеникот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ; Влатко Ѓорчев, денеска истакна дека измените на Законот за шуми ќе  овозможат жителите од руралните средини полесно да дојдат до дрва за огрев.

-Една од клучните измени, која е по барање на граѓаните, а особено на оние од руралните подрачја пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предложи измени на Законот за шуми по скратена постапка со кој што ќе се дозволи сеча на државна нискостеблести шуми за физички лица кои се со постојано место на живеење во руралното подрачје, а заради обезбедување на дрва за огрев за сопствени потреби, изјави Ѓорчев, пренесе Курир.

Измената на законот ќе ја врати онаа селска сеча која долги години беше присутна во руралните подрачја.  

-За таа цел ќе има директна поврзаност на Македонски шуми и шумската полиција и целата работа ќе биде помалку бирократизирана, односно луѓето полесно и побрзо ќе можат да дојдат до огрев за греење, додаде Ѓорчев.

22.10.2013 - 15:23
Фото: 
кумановоњуз

најчитано сега