Во Прилеп шест новозаразени од коронавирусот

Во општина Прилеп денеска се евидентирани 6 нови случаи на ковид-19, а засега нема информации за новоизлекувани од заразната болест.

Во редовната информација од општина Прилеп велат дека на Инфективното одделение во прилепската општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 19 лица, од кои 13 се позитивни на коронавирус. Во делот за изолација се наоѓаат 6 пациенти. Од нив, тројца се негативни на коронавирус, а на тројца земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 168 лица, а во изминатото деноноќие забележани се 4 нарушувања на полицискиот час.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2020 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега