Венизелос навреден од изјавата дека Грција треба да се нарекува „поранешна Отоманска Провинција“

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос, денеска изјави дека изјавата дека Грција треба да се нарекува „поранешна Отоманска Провинција“ е еден вид навреда и потсмевање и нема да помогне во македонско-грчкиот спор со името.

Тој ги повтори грчките позиции за име со географска одредница која ќе стои пред терминот Македонија, а не пред државното уредување и оти официјална Атина не отстапува од име за севкупна употреба.

Исто така денеска Венизелос зборуваше и за економската состојба во Грција и за новиот пакет помош кој и е потребен на државата.

22.10.2013 - 16:02

најчитано сега