Кумановските полицајци донираа крв

Редовна крводарителска акција денеска се одржа во просториите на СВР Куманово. Во акцијата се вклучија вработените од кумановската полиција кои трет пат во тековната 2013 година даруваат крв.

- Одзивот на крводарители е навистина доста голем. Досега имаме собрaно 50 крвни единици, но очекуваме уште дарители. Од година во година бројот на крводарители бележи подем. Може да кажам дека акцијата е успешна,вели доктор Лилјана Славковска, од Институтот за трансфузиона медицина.

Од општинската организација на Црвениот Крст, денешната акција ја оценуваат како успешна.

- Со СВР Куманово имаме одлична соработка не само во доменот на крводарувањето, туку и во областа на прва помош, борба против болести на зависности и други сегменти, изјави секретарот на општинската организација,Иле Митковски.

 

22.10.2013 - 16:34
Фото: 
Денешен

најчитано сега