Нема крај за малерите на МЗТ Скопје

 

Нема крај на малерите за МЗТ Скопје Аеродром на почетокот на новата сезоната. По Кирил Николовски, Дамјан Стојановски и Кејд Дејвис, на листата на повредени во тимот на МЗТ Скопје Аеродром, сега е и името на плеј мејкерот Огнен Стојановски.

Во информацијата објавена од клубот, не се наведени детали за повредата на Огнен Стојановски.

Дали и тој, како и Кејд Дејвис и Дамјан Стојановски, ќе го пропушти утрешниот натпревар против израелскиот шампион Макаби Хаифа во рамките од 2.коло на Евро купот, кој МЗТ ќе го игра пред своите симпатизери, останува нејасно.

Сепак, она што може да ги радува навивачите на македонскиот шампион е е информацијат дека, наскоро се очекува враќање на Кејд Дејвис и Дамјан Стојановски кои брзо се опоравуваат од повредите, а нивно приклучување во тимот, можеби ќе се случи веќе на следниот натпревар против Партизан во рамките на АБА лигата

22.10.2013 - 18:27

најчитано сега