Металург го суспендираше Дарко Станиќ

Ракометниот клуб Металург го суспендираше најдобриот светски голман Дарко Станиќ. Клубот поведува дисциплинска постапка против Србинот по инцидентот на мечот против Динамо Минск.

 „Одлуката за суспензија е донесена по пријава на Претседателот на УО на РК Металург, Ристо Чокрев (во име на клубот) и помошникот тренер на РК Металург, Александар Петровски, за сторен дисциплински прекршок на меѓународниот натпревар против екипата на Динамо Минск. Изречена е автоматска суспензија на ракометарот Дарко Станиќ, што ќе трае до завршувањето на дисциплинската постапка и изрекувањето на конечната казна“- стои во официјалното клупско соопштение на РК Металург.

22.10.2013 - 18:31